Во ЕУ лани имало 200 обиди за терористички напади

Во Европската унија во минатата година биле регистрирани над 200 успешни и неуспешни терористички напади, соопштија претставници на Еуропол. Притоа се наведува дека и покрај широките акции на владите, насилниот верски екстремизам останува, како што се потенцира, врвна закана за безбедноста на Европската унија во која живеат околу половина милијарда луѓе. Во овие терористички напади биле убини над 150 луѓе, додека над 360 биле ранети. Околу илјада луѓе биле уапсени.