Руски воздушни напади во близина на Алепо

Руски воени авиони извршиле жестоки напади врз клучниот пат што води до делови од сирискиот град Алепо под контрола на бунтовниците. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека бил бомбардиран патот Кастело кој се уште бил отворен за сообраќај. Градот Алепо што е на околу 50 километри од турската граница е поделен меѓу владините и бунтовничките сили кои се борат за да го симнат од власт сирискиот претседател Башар ал Асад. Во февруари беше постигнато примирје со помош на САД и Русија, но тоа постојано се нарушува.