Во Истанбул прв Светски хуманитарен самит

Турција е домаќин на првиот Светски хуманитарен самит, собир спонзориран од Обединетите нации со цел како подобро да се одговори на глобалните кризи. Околу 60 лидери на дводневниот состанок ќе разговараат за начините за да им се помогне на луѓето кои се погодени од конфликти и катастрофи. Околу 60 милиони луѓе се расселени низ светот, а околу 125 милиони имаат потреба од помош и заштита. Коментаторите очекуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го искористи настанот за да го нагласи придонесот на неговата земја која досега има примено над 2 милиони и 700 илјади бегалци од Сирија.