Времето денеска: сончево и топло

Во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно југозападен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени. Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе достигне до 26 степени.