Продолжува блокадата на граничните премини кон Грција

Граничните премини кон Грција „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојран“) и денеска ќе бидат затворени за патнички и товарни моторни возила поради штрајк на грчките цариници.

Преминот „Евзони“ („Богородица“) дозволува патницте пеш да ја поминат границата, а на секои два часа прекин се пропуштаат возила во времетраење од 15-тина минути.