Најверојатно убиен талибанскиот лидер Мансур

Авганистанскиот талибански лидер Мула Актар Мансур најверојатно е убиен во воздушните напади што ги спроведуваат американските безбедносни сили, соопшти Пентагон. Од прес-службата на Пентагон изјавија дека нападот се случил долж границата меѓу Пакистан и Авганистан на почетокот на 21 мај, а сега САД ги проучува резултатите од нападот.

Но претставник на американските власт кој не е овластен да говори јавно за операцијата, рече дека Менсур и уште еден човек кој го придружувал во возилото, најверојатно се убиени.

Талибанскиот командант Мула Абдул Рауф изјавил дека Мансур е убиен во напад со беспилотни летала во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан. Други пак талибански бунтовници велат дека информациите се неосновани.

Канцеларијата на претседателот на Авганистан Ашраф Гани потврди дека имало напади и додава дека Владата спроведува истрага за тоа дали Мансур бил убиен.