Откриени двајца илегални мигранти кај Демир Капија

Илустрација

Двајца илегални мигранти од Пакистан се откриени вчера во багажник од возило кое го управувал 23-годишен скопјанец. Лицата, како што денеска соопшти МВР, се откриени синоќа во близина на Демир Капија кај Прждевскиот споменик на автопатот Гевгелија - Скопје. Возачот е приведен и задржан во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци.