Албанија најавува намалување на каматите

Илустрација

Гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сејко, најави натамошно намалување на основната каматна стапка. Според него има место за натамошно намалување на основната каматна стапка, која моментно е на нејзино најниско ниво. Тој вели дека целта е поттикнување на инвестициите и потрошувачката.

Централна банка на Албанија деновиве ја намали основната каматна стапка за 0,25 отсто и таа е на ниво од 1,25 отсто, како резултат на ниското ниво на инфлација во првите месеци од годинава. Тоа беше второ намалување за годинава. Централна банка ја намали основната каматна стапка од 6,25 отсто на крајот од 2008 година до ниво од 1,25 отсто со цел поттикнување на кредитирањето и раст на економијата.

Гувернерот Сејко вели дека за 2016 година економскиот раст е проектиран на 3 - 3,4 отсто, додека лани забележан е раст од 2,6 отсто.