Споменици на албански дејци во центарот на Скопје

Споменикот на поетот Јосиф Багери ќе стои кај новиот театар на брегот на Вардар.

Во центарот на Скопје се поставуваат споменици на истакнати албански дејци. Споменик на албанскиот писател Пјетр Богдани во петокот вечерта по полноќ бил донесен во Паркот „Жена Борец”, јавуваат медиумите. Овој споменик е дел од проектот „Скопје 2014, а пристинати се од Италија уште два споменика со албански дејци. И тоа, на Неџат Аголи, кој бил прв министер за здравство во Владата во 1945 година, како и на поетот Јосиф Багери. Споменикот на Багери ќе стои кај новиот театар на брегот на Вардар, тој на Аголи пред зградата на Телеком.