Штрајкови во Грција, влез во земјата само пеш

Граничните премини кон Грција „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојран“) денеска и утре ќе бидат затворени за патнички и товарни моторни возила поради штрајк на грчките цариници. На преминот „Евзони“ („Богородица“), пак, сообраќајот при влез и излез од Грција ќе се одвива со прекини, односно на секои два часа прекин ќе се пропуштаат возила во времетраење од 15-тина минути. Македонското МВР добило известување од грчките погранични служби дека преминувањето на границата пеш ќе биде дозволено за сите патници.

Поради штрајк овој викенд во Атина нема да работи метрото во Атина, а автобусите и тролејбусите ќе ја прекинат работата утре поради штрајкот на синдикатите во знак на протест против пакетот закони, изготвени од владата. Службениците на пристаништата Пиреја и Солун исто така ќе ја прекинат работата за време на викендот. Тие протестираат против плановите за приватизација на двете организации.