Тачи се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Петерсен

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Јан Петерсен со кого разговараше за политичката криза и за организацијата на изборните процеси.

Во партиското соопштение се наведува дека Тачи истакнал оти еден од приоритетите на ДПА е организирање на слободни и демократски избори, со единствена цел, како што се вели, отстранување на неправилностите, како полнењето на гласачките кутии и фалсификување на резултатите.

Тачи побарал поддршка од меѓународниот фактор за да се гарантираат слободни, демократски и веродостојни избори, било кога да се одржат.

На средбата, како што се вели во соопштението, лидерот на ДПА посочил дека главна грижа на партијата се партизацијата на институциите и заканите кон граѓаните.