Продолжува потрагата по египетскиот авион

Досега не биле пронајдени делови на авионот на „Иџиптер“ со 66 патници и членови на екипажот кој вчера исчезна над Средоземно море, соопштено е синоќа во Атина. Претходно египетската авио компанија објави дека во близина на грчкиот остров Карпатос, југозападно од Родос биле најдени појаси за спасување и делови од нејзиниот авион. Авионот кој бил на лет од Париз до каиро исчезнал од радарите над Средоземно море. Тој претходно, според наводите, нагло свртел што би значело дека се случило нешто поради што пилотите ја загубиле контролата врз леталото.