Времето денеска: претежно облачно и врнежливо

Во Македонија ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи. Попладне врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови. Ќе дува повремено умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 15 до 23 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.