Црна Гора ќе го потпише договорот за влез во НАТО

црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ

Црна Гора и НАТО денеска во Брисел ќе го потпишат договорот со што се отвора патот оваа земја да стане 29 членка на Алијансата. Договорот ќе го потпише црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ. „Ова е историски ден за Алијансата, за Црна Гора и за стабилноста на Западен Балкан“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, наведувајќи дека проширувањето на Алијансата потврдува дека вратата на НАТО останува отворена. Црна Гора ќе биде третата земја од Западен Балкан која и се приклучува на Алијансата по Албанија и Хрватска.