Министерски состанок на НАТО за безбедносните закани

Шефовите на дипломатиите на НАТО на дводневниот состанок во Брисел ќе разговараат за тоа како Алијансата може поефикасно да се справи со безбедносните закани надвор од Европа. Генералниот секретар на НАТО јенс Столтенберг изјави дека главниот фокус е ставен врз „проектирање на стабилноста“ надвор од границите на земјите членки на НАТО, посебно на Блсикиот Исток и Северна Африка. На агендата е вклучен и приемот на Црна Гора во НАТО, како и усвојување насоки во врска со се поагресивните активности на Русија. Ќе се разговара и за проширување на тренинг мисијата на НАТО во Ирак и за можноста за зголемување на меѓународната коалиција која се бори против ИД во Ирак и Сирија. Утре министрите на НАТО треба да се сретнат со шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, како и на неутралните Шведска и Финска.