Могерини и Хан: Поништување на помилувањата и целосна поддршка на работата на СЈО

Архивска фотографија.

Одлуката на Уставниот суд го отвора патот повторно да се состане Парламентот и да ги откаже изборите на 5 јуни. Ова е нова можност за земјата да одговори на бројните сериони прашања во срцето на пролонгираната политичка криза, се вели во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Федерика Могерини и на еврокомесарот Јоханес Хан.

Тие наведуваат дека напредокот мора да биде заеднички дефиниран од страна сите политички партии, бидејќи само зрелиот дијалог, отвореноста и посветеноста кон демократските принципи и спроведувањето на потребните реформи ќе ја вратат земјата на евроатланскиот пат“, велат тие.

„Сите партии мора да го почитуваат Договорот од Пржино кој го потшишаа минатата година. Тој и натами е најдобриот начин земјата да се извлече од сегашната криза. Работата за подготовка на крдибилни избори треба да продолжи, исто како и итните реформски приоритети.“

„Партиите треба да ја решат сериозната загриженост за одлуката за помилување на голем број функционери од страна на претседателот Иванов. Помилувањата од 12 април без одлагање треба да се поништат за да се зачува принципот на одговорност и да се спротивстават на сериозната загриженост во врска со неказнивоста и да се избегне селективна правда. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот.“

Могерини и Хан потенцираат дека партиите мора да гарантираат целосна поддршка на Специјалното јавно обвинителство и да обезбедат негово непречено функционирање, бидејќи како што велат СЈО и неговата работа се централни точки од Договорот од Пржино.

„Сите страни треба да избегнат интервенции кои ризикуваат поткопување на долгогодишните напори на земјата и на меѓународната заедница за зајакнување на владеењето на правото.“

„Ги повикуваме сите страни да најдат заеднички договор кој ќе им служи на сите граѓани. Пристапите кои нема да го почитуваат овој принцип се нешто што ЕУ не може да го поддржи.“

Ангажираната опозиција и граѓанското општество играат клучна улога во обликувањето и обезбедувањето на посветеноста на Владата за потребните реформи“, се вели во соопштението.