Нуланд во посета на Москва на разговори за источна Украина

Американскиот помошник државен секретар Викторија Нуланд разговараше со руски претставници за имплементацијата на договорот од Минск за источна Украина.

„Сакаме што поскоро да го видиме имплементиран договорот од Минск и сметаме оти сега е времето да дадеме гас“ изјави Нуланд во Москва по разговорите со советникот на претседателот Владислав Сурков.

„Како што рече и нашиот претседател ако и кога Минск ќе биде целосно спроведен, санкциите ќе можат да се повлечат“, рече Нуланд.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги опиша разговорите како „кратка размена на мислења.“

Нуланд додаде дека исто така имала средба со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков.

Договорот од Минск потпишан во февруари 2015 година помогна во намалувањето на борбите меѓу украинските владини сили и проруските сепаратисти во источна Укрина, но спорадичните судири продолжија.