ДС: Уставниот суд има правни аргументи да го поништи самораспуштањето на Собранието

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека има многу правни аргументи Уставниот суд на утрешната седница да ја поништи одлуката за самораспуштање на Собранието.

„Демократскиот сојуз во целост ги прифаќа издвоените мислења на судиите на Уставниот суд (Наташа Габер – Дамјановска, Сали Мурати и Исмаил Дарлишта), кои ги прифатија аргументите на ДС дека Одлуката за самораспуштање на Собранието со одложено дејство е спротивна на Уставот и дека Уставниот суд треба да ја прифати иницијативата на ДС за оценување на Уставноста и по неа да донесе Одлука“, се наведува во соопштението.