Обновено примирјето во Нагорно Карабах

Претседателите на Ерменија и на Азербејџан Серж Саркисијан и Илхам Алиев во Виена ги обновија нивните заложби за одржување на примирјето во сепаратистичкиот регион Нагоро Карабах, како и за мирно решение на конфликтот. Во заедничката изјава со Соединетите држави, Франција и Русија, двајцата претседатели се согласија на нова рунда разговори со цел изнаоѓање конечно решение за регионот Нагорно Карабах кој поддржан од Ерменија сака да се отцепи од Азербејџан.