Во сабота протест на Синдикатот на одбраната и безбедноста

Синдикатот на одбраната и безбедноста најави дека во сабота ќе протестира, поради неисполнување на нивните барања за зголемување на платите за 20 проценти и изедначување на висината на дневницата со припадниците на полицијата.

Во соопштението испратено од Синдикатот се наведува дека протестот ќе се одржи пред Министерството за одбрана и пред Владата на Република Македонија, а доколку не се исполнат нивните барања ќе штрајкуваат во институциите што ги опфаќа Синдикатот на одбрана и безбедност.

Синдикатот посочува дека подолг временски период преговарал со надлежните во Министерството за одбрана за подобрување на стандардот на вработените, но оти до решение не е дојдено.