Во Виена состанок за Нагорно Карбах

Претседателите на Ерменија и на Азербејџан Серж Саркисијан и Илхам Алиев

Претседателите на Ерменија и на Азербејџан Серж Саркисијан и Илхам Алиев се очекува денеска во Виена да дискутираат за кршливото примиорје во азербејаџанскиот сепаратистички регион Нагорно Карабах. Тоа ќе биде нивна прва директна средба по четиридневите жестоки борби кои избувнаа на 5 април меѓу сепаратистите во Нагорно Карабах кои ги поддржува Ерменија и азербејанските сили. На денешните разговори најавено е учество и на претставници на Соединетите држави, Русија и Франција.