Кери во Саудиска Арабија за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери одржа разговори со саудискиот крал Салман како подготовка за потенцијалните разговори со Русија околу преговорите за сирискиот конфликт. По посетата на Џеда тој оваа недела патува за Виена на разговори на меѓународната контакт група ангажирана околу напорите за запирање на судирите во Сирија и Либија. Саудиска Арабија е клучниот поддржувач на бунтовниците кои сакаат да го соборат сирсикиот претседател Башар ал Асад од власт. Официјални лица се надеваат дека разговорите во Виена ќе поттикнат нов живот во мировниот процес и ќе покренат преговори за формирање влада на национален спас во Сирија.