Рускиот министер за спорт се извини за допинг скандалот

Министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко се извини поради допинг скандалот на неговата земја и издаде молба на спортистите од Русија да им биде дозволено да се натпреваруваат на претстојните Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Тој за британскиот Сандеј тајмс изјави дека станува збор за сериозни грешки кои биле направени од раководството на федерацијата, заедно со спортисти и тренери и оти Русија се срами од нив. Во моментов на Русија и е забрането да учествува на сите атлетски настани откако независна комисија на Светската антидопинг агенција откри раширена употреба на допинг, на помалку од три месеци пред одржувањето на Олимписките игри во Рио.