Кандидатската листа на ВМРО ДПМНЕ единствена потврдена од ДИК

Државната изборна комисија на денешната седница без ждрепка, формално утврди, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде единствената партија на гласачкото ливче на предвремените парламентарни избори закажани на петти јуни.

Комисија едногласно одлучи кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и 21 коалициски партнер да го добие редниот број 1 на гласачкото ливче.

Како што рече претседателот на ДИК Александар Чичаковски по оваа точка е беспредметно да се расправа зошто кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е единствена потврдена од Комисијата.

Со истото образложение Чичаковски рече дека е беспредметна и жрепката за распределба локации за политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди, по што сите членови на ДИК гласаа за, односно потврдија да нема жрепка.

На седницата едногласно беше прифатен предлогот на стручните на ДИК да се отфрлат поднесените кандидатски листи на нардодното движење за Македонија, поради неправилности. Исто така беа отфрлени кандидатските листи на Социјалдемократската партија на Македонија СДМП, на нивно барање