Кери во Саудиска Арабија за Сирија и Либија

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Саудиска Арабија, од каде ја почнува неговата светска турнеја со цел ставање крај на конфликтот во Либија, Сирија и Јемен. Во Џеда, Кери Кери се сретнува со саудискиот крал Салман, престолонаследник, заменик принц и министер за надворешни работи. Кери ќе отпатува и во Виена каде со италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилона треба да разговара за борбата против милитантите на Исламска држава , а потоа ќе има состанок со Меѓународнаат група за Сирија, и со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.