Масова тепачка на гробишта во Москва,убиени две лица

Две лица се убиени денеска во масовна тепачка во Хованските гробишта во Москва. Околу 200 луѓе учествувале во тепачката во која 10 лица се повредени. Портпаролката на полицијата во Софија Кхотина изјави дека некои од луѓето кои се вклучени во тепачката користеле огнено оружје. Руското Министерството за внатрешни работи соопшти дека повеќе од 50 лица се уапсени, јавија агенциите. Според извештаите, полицајците пукале во воздух во обид да ја растераат толпата. Руските медиуми објавија дека до тепачката дошло поради илегални мигранти од Централна Азија и Кавказ кои бараат да бидат вклучени со билборди за услуги на гробиштата.