НАТО отвора центар за сузбивање на џихадисти во Тирана

Албанската министерка за одбрана Мими Кодели денеска изјави дека НАТО го прифати предлогот на Албанија во Тирана да се отвори центар кој би помогнал во спречување на лицада се приклучат кон терористичките групи во Сирија и во Ирак.

Таа посочи дека пред неколку дена идејата ја одобриле 28 земји-членки, во момент кога „појавата на странски терористички борци достигна загрижувачко ниво“.

Во центарот ќе се обучуваат луѓе од земјите-членки и партнерските земји на НАТО, со цел да можат да ги „сфатат причините за радикализација на граѓаните“ и да изнајдат начини да го спречат тоа.