Романија со најголем економски раст во ЕУ во првиот квартл од годината

Романија забележа најголем економски раст меѓу земјите-членки на Европска унија во првиот квартл од годината, објави денеска Евростат.

Регистрираниот раст на бруто домашниот производ на Романија е 4,2 проценти во првите три месеци во споредба со истиот период од минатата година. Економскиот раст на ЕУ изнесува 1,7 отсто на годишно ниво.