Прво обраќање на новиот бразилски претседател Темер

Новиот привремен претседател на Бразил, Мишел Темер за прв пат и се обрати на нацијата откако Сенатот го поддржа импичментот на Дилма Русеф.

Темер, кој е поранешен потпретседател на Русеф и лидер на центристичката партија Бразилско демократско движење (ПМДБ), изјави дека политичките партии и граѓаните во земјата итно треба да се обединат за „смирување на народот и обединување на Бразил.“

Темер го именуваше за министер за финансии поранешниот шеф на централната банка на Бразил.

Русеф го осуди нејзиното отстранување, нарекувајќи го „фарса“ и „саботажа“ и го обвини Темер за водење на „државен удар.“

На 11 мај, сенаторите во земјата со 55 гласа „за“ и 22 против ја суспендираа Русеф и ја ставија на судење за повреда на буџетот.