Одложувањето на договорот со ЕУ е неприфатливо за Турција

Турција ги исполни сите 72 критериуми неопходни за спроведување на договорот со Европската унија за визна либерализација, изјави денеска турскиот министер за европски работи Волкан Бозкар, додавајќи дека е неприфатливо договорот неправедно да се одлага.

На прес конференција во Стрзбур Бозкир рече дека следните потези на Турција ќе бидат во согласност со упатствата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, пренесоа британските медиуми.