Пронајдени делови од исчезнатиот малезиски авион

Малезија и Австралија соопштија дека уште две парчиња биле откриени во Јужна Африка и во близина на Маурициус за кои „скоро со сигурност“, може да се каже дека му припаѓале на авионот со 239 луѓе што мистериозно исчезна пред две години. Досега се откриени пет делови од остатоците на малезискиот авион кој се загуби од радарите над Индискиот океан на 8 март 2014 година на летот од Куала Лумпур до Пекинг.