Почна заедничката воена вежба на Грузија и САД

Денеска започна заедничката воена вежба на Грузија и на САД и ќе трае до 26 мај.

Русија упати остри критики за вежбите, опишувајќи ги како провокација која може да го дестабилизира целиот регион на Кавказот.

Русија и Грузија водеа кратка војна во 2008 година, кога Москва го поддржа отцепувањето на регионите Јужна Осетија и Абхазија на руско – грузиската граница.

Тбилиси соопшти дека 1.300 војници ќе учествуваат во вежбите, вклучително 650 од САД, 650 грузиски војници и 150 британски.

Министерство за одбрана на Грузија информираше дека главната цел на вежбите е да се зголеми способноста на грузиските сили како дел од мисијата на НАТО.

На 5 мај, американски тенкови и оклопни возила пристигнаа на пристаништето Поти на Црното Море за да учествуваат во вежбите, што е прво распоредување на воена опрема на САД во Грузија.