Турските сили за три години убиле 1.300 војници на ИД

Турските вооружени сили убиле досега околу 1.300 војници на Исламската држава во Сирија и во Ирак и уништиле голема количина на оружје и муниција на џихадистичката организација, соопшти началникот на Генералштабот на турските вооружени сили, генералот Хулуси Акар.

Тој податоците ги посочи на конференцијата на началници на балканските земји и напомена дека Турција ја прогласила ИД за терористичка огранизација во 2013 година и оттогаш врз неа извршува антитерористички дејствија.

Акар исто така нагласи дека сириската курдска Партија Демократска унија и сродните Сили за заштита на народот се разграноци во Сирија на Курдската работничка партија (ПКК).

Тој истакна дека врската и соработката меѓу двете организации се јавни. Анкара смета дека партијата Демократска унија која е поврзана со ПКК е терористичка организација.