Меѓу британските бизнисмени расте поддршката за Брегзит

Меѓу британските деловни луѓе расте поддршката за излегување на Британија од Европската унија, иако таа и натаму е под 50 насто, покажа анкетата на Британската трговска комора. Околу 54 насто од анкетираните бизнисмени изјавија дека сакаат да останат во Унијата, додека во февруари тој процент изнесуваше 60 насто. Од друга страна, поддршката за излегување порасна од 30 на 37 проценти. Британија на 23 јуни излегува на референдум за тоа дали е за излегување или не од Европската унија.