Уапсени двајца Авганистанци во Италија осомничени за тероризам

Илустрација.

Италијанската полиција уапси две лица од Авганистан во јужниот дел на земјата, осомничени за планирање напади во Италија, Франција и во Британија.

Обвинителот Роберто Роси изјави дека нема докази за закани од некаков напад, но дека е јасно оти тие правеле такви подготовки.

Осомничените беа именувани како Хаким Насири – 23 години и Гулистан Ахмадџаи – 29 години.

Насири е обвинет за меѓународен тероризам, а Ахмадџаи за помагање на нелегална миграција.

На нив им била доделена дозвола за хуманитарен престој во Италија.

Полицијата им ги запленила телефоните во кои нашла слики од оружје, како и виедео материјали кои укажуваат дека таргетираат знаменитости во Бари, Рим, Париз и Лондон.

Полицијата соопшти дека се издадени потерници за уште тројца други осомничени, како дел од истрагата.