Вонредна седница на ЕП за укинувањето на визите на Турција

Европскиот Парламент утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се разгледува прашањето за укинувањето на визите за турските државјани во Шенген зоната.

Тема на дискусијата ќе биде колку Турција ги исполнила неопходните критериуми за укинување на визите.

Како важен услов за исполнување на неопходните барања се нагласува потребата од измена на турскиот закон за борба против тероризмот.