Масовен митинг во Северна Кореја на крајот на партискиот Конгрес

Стотици илјади Севернокорејци учествуваа на митингот одбележувајќи го крајот на Конгресот на Работничката партија, одржан прв пат по неколку децении.

Конгресот на владејачката партија ја зацементира позицијата на лидерот Ким Јонг – ун, издигнувајќи го во улога на претседател на партијата.

На Конгресот на учествуваа повеќе од 3.400 делегати, кои исто така ги поддржаа заложбите на нивниот лидер за развој на нуклеарно оружје.

Учсниците на масовната цивилна парада одржана денеска, носеа патриотски слогани и маршираа со знамиња.

Четридневниот Конгрес заврши вчера и беше првиот во авторитарната земја од 1980 година, пред Ким да биде роден.