ЕУ министрите за олеснување на грчкиот долг

Министрите за финансии на еврогрупата за прв пат одобрија мерки за олеснување на грчкиот долг од околу 333 милијарди евра. Земјите од евро зоната не се согласуваат да дискутираат за редукција на грчкиот долг, но на вчерашниот состанок во Брисел постигнаа согласност за други начини за олеснување на товарот, како подолг рок на отплаќање и поголеми грејс периоди. Меѓународниот монетарен фонд долго време инсистира дека грчкиот национален долг не е одржлив и затоа мора да биде преструктуиран. Министрите соопштија дека нивните предлози ќе ги соопштат на 24 мај. Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја поздрави оваа одлука.