Во Чаир почна протестот на Албанците

Неколку илјади Албанци протестираат во паркот во Чаир, како што најавија за да го изразат незадоволството од нивниот третман во државата. Тие ќе маршираат низ Скопје, крајната дестинација на протестот ќе биде пред Владата, каде ќе прочитаат декларацијата на протестот и ќе се обратат претставници од Опозицискиот совет на Албанците кои го организира протестот.

Барањата на демонстрантите се правда, достоинство и демократија, а ќе ја изразат и нивната поддршка за Специјалното јавно обвинителство, но и на меѓународната заедница за нивните напори за излез од политичката криза.