Ердоган: Членството во ЕУ - стратегиска цел на Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека членството во Европската унија на Турција е стратегиска цел и оти се надева дека договорот за визната либерализација ќе го забрза интегративниот процес на земјата.

„Се надевам дека визната либерализација ќе претставува позитивен чекор во интегративниот процес“, рече Ердоган.

Тој ја даде својата изјава откако ги загуби надежите за напредок со Европа околу договорот за спречување на бегласкиот бран кон крајот на минатата недела, претходно најавувајќи дека Анкара нема да ги промени антитерористичките закони за да ги исполни барањата на ЕУ.