ЛДП бара специјална истрага за случајот „Дива населба“

Либерално демократската партија (ЛДП) бара специјална и независна истрага за случајот „Дива населба“, бидејќи како што истануваат од партијата, и покрај судскиот процес остануваат многу неодговорени прашања.

„Точно на овој ден, пред една година, загинаа осуммина полицајци во кумановската акција „Дива населба“ и сега по 365 дена семејствата на загинатите, нивните пријатели и целата македонска јавност се уште се пред дилемата како и за што загинаа, по чие сценарио и по чија вина“, изјави на прес-конференција портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ.

Јаневиќ вели дека бараат Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да преземе надлежност за овој случај, порадикако што наведуваат, нарушениот кредибилитет на институциите, што е нотироно и во извештајот на Прибе.

Од ЛДП сметаат дека единствено така ќе бидат расчистени сите нејснотии и контроверзии во јавноста за овој случај.

„Македонија заслужува да знае што се случи на 9-ти мај во Куманово, кои се нарачателите и инспираторите на оваа акција, и зошто и како загинаа осумтемина припадници на безбедносните сили, а 30-тина беа повредени. Оваа мистерија мора да се одгатне, за никогаш повеќе да не се повтори“, рече Јаневиќ.