Уапсени 14 лица за учество во судирите во Атина

Вкупно 14 лица се уапсени за учество во судирите кои избувнаа меѓу полицијата и демонстрантите на синоќешните протести во Атина. Тројца од уапсените се Грци, четворица се Иранци, тројца Французи, двајца се од Швајцарија, еден од Австрија и еден е Кипарец. Уапсените денеска ќе бидат изведени пред обвинител.

Вчера во Атина се одржа протест како завршница на тридневниот генералн штрајк, додека пратениците дискутираа, а потоа и ги усвоија реформите во пензискиот и даночниот систем, во согласност со барањата на кредиторите.

Демонстрантите фрлаа молотови коктели и други предмети кон полицијата, која одговори со солзавец. Според органите на редот, во протестите учествуваа околу 20.000 луѓе, но повеќето од нив си заминаа откако избувнаа немирите.