Јункер: Грција ги постигна реформите побарани од кредиторите

Грција практично ги постигна целите на реформите, побарани од нејзините кредитори, и утре Еврогрупата ќе ги има „првите дискусии“ за можното управување со долгот на оваа земја, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пренесуваат француските медиуми. Toj додаде дека сега се изведува првиот преглед на ревизијата за помошта за Грција.

Во Брисел утре ќе се одржи средба на 19-те министри за финансии од земјите на еврозоната, кои повторно ќе го разгледаат постигнатото во грчките реформи.

„На оваа средба министрите ќе ги имаат и првите дискусии за тоа што може да се направи за грчкиот долг да стане поднослив на долгорочен план, но негово отпишување нема да биде на дневен ред,“ додаде Јункер.