Прекршен мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан

Ерменија и Азербејџан се обвинуваат меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот. И двете земји тврдат дека први започнале со бомбардирање на воени позиции во граничната област. Министерството за одбрана на Азербејџан тврди дека ерменските воени сили први нападнале позиции на азербејџанската војска долж границата во близина на Нагорно Карабах. Од друга страна пак, министерството за одбрана на Ерменија соопшти дека азербејџанската војска бомбардирала позиции на ерменската војска во североисточниот дел на границата на Ерменија.

Ваквите обвинувања доаѓаат по договорот за прекин на огнот кој беше донесен на 5 април и во текот на изминатиов месец и двете страни се држеа до него.