Лагард со предупредување до еврозоната за Грција

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард преку писмо ги повика владите од еврозоната да започнат преговори со економска разрешница за Грција за ублажување на нејзиниот долг. Портпаролот на ММФ соопшти дека писмито било испратено до министрите од 19-те земји од еврозоната. Во писмото било надевено дека дококолку олеснувањето на долгот не се стави веднаш на маса продолжувањето на учеството на ММФ во третата спасувачка програма за Грција се става под сомнеж. Атина и нејзините меѓународни кредитори со месеци се обидуваат да се договорат за структурни реформи и мерки за штедење, што ќе овозможи на речиси банкротираната грчка влада да продолжи да добива финансиска помош. Расте и загриженоста дека Грција повторно е на работ на банкрот.