Новинари во Турција осудени поради истражувачки текст

Двајца новинари во Турција се осудени на 5 години затвори поради откривање на државни тајни. Станува збор за новинарите Џан Дјундар, главен уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет", и Ердем Ѓул, уредник на весникот во канцеларијата во Анкара, кои откриле дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоганги помагал и им доставил оружје на џихадиските групи во Сирија.Тужбата против новинарите беше поднесеата од претседателот и од турските тајни служби. Претходно осудените новинари беа обвинети за шпионажа, но во судскиот процес се докажа дека се невини. Засега двајцата новинари не се испратени во затвор, додека Апелациониот суд се произнесе за случајот.