ОЈО: СЈО не достави ниту еден доказ за смртта на Крпач

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) соопшти дека презема дејствија за расветлување на причините за смртта на Коста Крпач и дека испратиле барање до Специјалното јавно обвинителство (СЈО), да им ги достави сите податоци и документација и докази за релевантни факти, вклучително и за притисокот под кој се наоѓало лицето Коста Крпач.

„Неопходно е да истакнеме дека од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите не е доставен ниту еден доказ, ниту пак, било каква релевантна информација во таа насока, но и покрај тоа Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува да го истражува случајот.“

Во соопштението се додава дека во врска со случајот се издадени голем број наредби за вршење вештачења, анализи, прибирање податоци и документација.

„Во тек е повикување и се извршуваат разговори со лица за кои може да се очекува дека имаат одредени податоци за расветлување на настанот. Се преземаат и други истражни дејствија кои се во тек“, се вели во соопштението.