Неврзаните земји против одлуката на САД за Иран

Движењето на неврзаните земји ја осудија одлуката на американскиот Врховен суд со кој се дозволува пристап во иранските замрзнати сметки од 2 милијарди долари за да им се исплати оштетажртвите од нападите поврзани со Техеран. Движењето во кое членуваат 120 земји и чиј моментален претседавач е Иран оцени дека одлуката наамериканскиот суд е кршење на меѓународното право со кое на земјите им се гарантира суверенитетот. Судската одлука се однесува на 1300 роднини на жртвите од бомбардирањето во Либан во 1983 година, како и други напади поврзани со Иран.