Републиканските лидери не го поддржуваат Трамп

Пол Рајан

Спикерот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Пол Рајан, како и други лидери на Републиканската партија одбија да ја поддржат кандидатурата на Доналд Трамп за претседателската трка. Рајан кој ја држи најмоќната позиција во Конгресот за телевизијата Си Ен Ен изјави: „Не сум подготвен во моментов да го сторам тоа. Она што ни треба е унифицирање на нашата партија. Во спротивно нема да победиме на овие избори“. Весникот Вашингтон пост објави дека и Мит Ромни, републикански претседателски кандидат во 2014 година нема да учествува на партиската конвенција во јули.