Ерменија подготвува закон за признавање на Нагорно Карабах

Ерменската Влада одобри нацрт – закон подготвен од страна на опозициските пратеници, според кој Ереван треба да ја признае независноста на азербејџанскиот отцепен регион Нагорно Карабах.

Нацрт – законот денеска беше испратен до пратениците на дебата.

Повеќе од две децении односите меѓу Баку и Ереван се затегнати поради Нагорно Карабах.

Сепаратистите поддржани од Ерменија прогласија независност во регионот, каде мнозинство од населението се етнички Ерменци.

За време на војната на крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години, загинаа повеќе од 30 илјади луѓе.

Меѓународните напори за решавање на замрзнатиот конфликт не доведоа до политичко решение.

На 2 април, во Нагорно Карабах се случи насилство од најлош вид по постигнувањето на договорот за прекин на огнот од 1994 година, меѓу Азербејџан и сепаратистите поддржани од Ерменија.

Новиот договор за прекин на огнот стапи на сила на 5 апил, но од крајот на минатиот месец често се случуваат прекршувања.